Русија го прифати грчкото барање и ќе испрати воздушни средства за гаснење на пожарите

Од:

Со одлука на претседателот на Русија Владимир Путин, Москва го прифати грчкото барање за испраќање дополнителни воздушни средства во Грција за гаснење на пожарите, соопшти преку „Твитер“ руската амбасада во Грција.

Грчкото барање, претходно го пренесоа премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и министерот за надворешни работи Никос Дендиас во телефонскиот разговор со нивните руски колеги Михаил Мишустин, односно Сергеј Лавров.

По позитивниот одговор од Москва, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитадис Варвициотис телефонски разговарал со рускиот министер за транспорт Витали Савелиев за да го прецизираат грчкото барање за испраќање на два руски авиони Ил-76 и два хеликоптери Мил Ми-8, што дополнително ќе помогнат во гаснењето на пожарите.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот