Рускиот синџир за брза храна „Русбургер“ ќе отвори свој ресторан на Крим и тоа на местото каде порано бил „Мекдоналдс“.
Работниците веќе го отстраниле знакот на „Мекдоналдс“ и поставиле голем билборд со натпис „Русбургер“.
Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ во април затвори три ресторани на Крим поради прекин на банкарските и финансиските услуги. Од компанијата тогаш наведоа дека затворањето на ресторанот е привремено, но не навеле и до кога тоа ќе трае.