(ВИДЕО) РТС: Во Гњилане и Пеќ запалени македонски знамиња

Од:

Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за осуда на седум членови на т.н. „кумановска група“ на доживотни казни затвор, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно беа запалени знамиња на Република Македонија, јави српската државна телевизија РТС.

Според телевизијата, знамињата биле запалени на протестите во двата града поради судските пресуди, на кои биле упатени повици до „Албанците да ги бранат своите права, борејќи се против неправдата нанесена од Славомакедонците“.

РТС наведува дека во палењето на македонското знаме во Гњилане учествувале и членови на навивачката група „Јастреби“.

Кривичниот суд во Скопје вчера им изрече седум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години затвор, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди на обвинетите за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси