РТС: Словенија и Австрија ги затвораат границите

Од:

Врз основа на Шенгенскиот договор, Словенија и Австрија ја информирале Србија дека ќе ги затворат своите граници за прием на бегалци, јави доцна синоќа српската државна телевизија РТС.

Според истиот извор, слична можноста разгледуваат и властите на Хрватска.

РТС наведува дека вечерва ќе се одржи седница на Бирото за координација на српските служби за безбедност, на која ќе се расправа за ставот на Србија во врска со ова прашање.

На средбата ќе присуствува и српскиот премиер Александар Вучиќ, кој денеска заедно со високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутереш ќе ги посетат Привремениот центар за прифаќање на имигранти во јужниот српски град Прешево, во близина на границата со Македонија.

Би можело да ве интересира

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена