Ромите на протест пред владата во Подгорица

Од:

Стотина Роми чии домови изгореа во бегалскиот камп во Подгорица, во среда се упатија кон зградата на Владата на Црна Гора, на протест за привременото сместување во шатори.

Како што пренесе „Вијести”, Ромите извикуваат: „Крадци!, Сакаме станови!”.

Околу 800 Роми, главно бегалци од Косово во 1999 година, останаа без покрив на главата во пожарот што изби во вторникот наутро.

Како привремено сместување обезбедени им се 90 шатори, од Црвениот крст и поставени се во текот на ноќта, но жителите на кампот утрово на новинарот на „Бета”3 му рекле дека сакаат трајно решение.

„Ова привремено трае веќе 13 години. Ако не можете да го решите прашањето на наше трајно сместување и да ни обезбедите нешто подобро од бараки и шатори, немојте да не лажете. Подобро стрелајте не – ова е мачење”, вели еден од жителите на кампот.

Директорот на заводот за згрижување Жељко Шофранац вели дека Владата работи на изнаоѓање трајно решение.

Во решавање на проблемот вклучена е и Европската унија, која веќе даде 2,5 милиони евра за финансирање на трајно сместување за жителите на кампот Комик.

Причината за пожарот сè уште не е позната, а се сомневаат на немарност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски