Романо Проди: Албанија треба да стане членка на ЕУ пред 2020

Од:

Албанија би требало да стане членка на Европската унија пред 2020 година, оцени поранешниот претседател на Еврокомисијата и екс-италијански прмиер Романо Проди, кој престојуваше во дводневна посета на Тирана.

Како што јави АНА-МПА, Порди нагласил дека примеот на Албанија во Унијата ќе обебзеди економска стабилност, додавајќи дека „никој нема да инвестира во иднината, ако земјата не стане членка на ЕУ“.

Според Проди, главен проблем кој мора да го реши Албанија на патот во приближувањето кон ЕУ е почитувањето на правата на малцинствата.

– Политичката елита треба да ги промни перспективите и да ги залечи раните од минатото, дополни Проди, осврнувајќи се на инцидентот на минатонеделниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград.

Според него, провокации и тензии може да има и во иднина, но тие треба да бидат држени под контрола.

– Процесот на придужување на Албанија кон ЕУ треба да мине без тензии, нагласи Проди.

Би можело да ве интересира

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина