„Тој беше лекуван за негово нарушување уште од млада возраст, на седум години прв пат и ја истрижи косата на едно девојче, беше лекуван на психијатрија, одбиваше да пие лекови, семејството се плашеше од неговиот опак карактер, ги отру кучињата да не го најавуваат неговото пристигнување дома, а неговата мајка се плашеше дека ќе ја убие! “
Ова е само дел од тоа што поминале Славица и Душко Јовановиќ, родители на Нинослав Јовановиќ (46), осудуван силувач на деца, кој беше уапсен на 5 јануари по 17 дена трагање за злоупотребата на 12 годишната Моника. Родителите на озлогласениот „Малчански берберин “, кои за разлика од нивниот син, во селото важат за вредни земјоделци и примерни луѓе ги отворија душите и го открија пеколот низ кој минувале сите овие години.
– Да биде жив е многу проблематично. Кога знаете дека го погребате, одите на гробиштата, плачеш наоколу и се враќаш … Подобро тие да го убиеа. А ова, … Славица ги шири рацете и ја прекрива главата.
Тие имале проблеми со Нинослав целит живот, направиле се за да го вратат на вистинскиот пат, но од ништо немало никаква корист.
-Тој беше лекуван уште кога наполни една година, два пати беше во болница во Топоница. Проблемите започнаа од петто одделение во основно училиште. Ќе направеше некоја измама, ќе го немаше 10 дена, па ќе се појавеше. Додека го враќаме долгот што го направил, тој беше мирен, а потоа повторно заминуваше, проблемите со него се уште од неговото раѓање. Некаде до неговата 15 година се боревме за да му дадеме лек. Кога почнав при усисување да ги наоѓам лековите во куќата кои требаше да ги пие, тој отиде сосема вон контрола. Не сакаше да ги испие, ги ставаше под јазик и ги плукаше, вели таа.
Од каде му е опсесијата на Нинослав со косата и стрижењето не знаат, никогаш не им кажал. Првата епизода која ја најавила неговата изопаченост се случила кога имал, седум или осум години.
-Беше дете, прво одделение. Јетрвата има девојче, живеат во соседството, децата си играа заедно. И таа мене ми дојде и ми вели: „Ауу Салвице, твојот Нинослав и ја истрижа косата на мојата ќерка. Мислевме дека е детска палавост. Ние тоа не го сфативме сериозно, и ја сецнал косата, готово, никому ништо. Кој да знае во што ќе се претвори. Првиот пат кога издржуваше девет години за силување, тој беше дома само 45 дена, за веднаш повторно изврши силување па беше упатен ан 12 години затвор, по што излезе во јануари 2018 година. Откако се роди ние немаме мир-добив и дијабетес и притисок. Се правевме и се измачувавме да му создадеме услови за нормален живот. Сите услови ги имаше, само нема во главата. Од него кренавме раце, од него никогаш ништо нема да стане. Ни остави само трауми, вели Славица додека ги брише солзите.
Нинослав по излегувањето од 12 годишната робија на кратко бил со родителите во семејната куќа, а потоа барал да се одвои „бидејќи му требало да има мир“. Родителите му ја опремиле втората куќа која ја имале во селото, но мир немало.
-Откако излезе од затворот ниту еден ден не беше мирен. А се му беше удоволувано. Помладиот брат Небојша никаде не одеше без да го повика и него, снаат кафе не пиеше без него. Ако ја соблечеше блузата веднаш ја перев. Појадок го чекаше секое утро во 7 часот, ручек, вечера…Таму само преспиваше. И се му пречеше. Ќе удреше некого од соседите-„тој зборувал за мене, ќе го убијам, ќе го запалам“. Па следниот ден на сосетката. Најмногу спобудалуваше на едно момче кое се дружеше со другиот син. Јас се плашев, се закануваше дека ќе го убие. И кога ќе го видев момечето го предупредував да внимава, вели Славица.
Кон средината на јуни минатата година почнал да станува агресивен кон сите, а неговата мајка дури вели дека имало ситуација кога помислила дека ќе ја убие.
-Влегов во подрумот да ги измијам кофите, беше на вратата. Се свртив и се смрзнав, имаше поглед како тој кога беше уапсен. Си реков, овој сега ќе ме убие. Почнав да викам по снаата, да дојде да ми помогне за млекото, па така тој се уплаши да не наиде таа и седна на скалите. Ги фрлив кофите, нитуи млеко ниту ништо, излегов на капијата. Влегов во куќата и почнав да плачам, вели Славица.
И кога oштиол од куќата се враќал да прави штета на родителите.
-Еден период го немаше, но една вечер се појави и ги тепаше кравите. Потоа почна да го турива млекото. Имавм два шарпланинци и двата ги отру за да не го издаваат кога доаѓаше тајно во куќата. Овде имавме уште две кучиња, и нив ги отру, вели Славица.
Неговиот татко го пријавил исчезнувањето на Нинослав.
-Јас лично го пријаввив за да не направи штета на некое дете. Тоа беше причината. Нам ни е многу жал за Моника, нејзините родители не ги знаеме. За нив секоја чест., не ни кажаа лош збор. Нас ни е тешко за девојчето, за него повеќе не ни е грижа, и треба да добие најстрога казна. Тој пат го одрба а можеше да избира, ние се направивме за него да биде добро, вели негопвиот татко.
-Помладиот син направи се за да му помогне, да се вклопи, да се социјализира. Ќе дојдевме од поле, ќе се купеше пиво, скара, секогаш за него да се вклопи со друштво. Неговите другари сите го прифатија, да стане човек. Меѓутоа тој не можеше да издржи шест месеци без затвор. Нешто многу појако има од него, вели таткото.