Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Од:

Родителите на момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и обезбедувањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, вчера на почетокот на судењето кусо изјавија дека „не се виновни“, а судењето продолжува денеска кога по воведните изјави ќе имаат можност и да изнесат детална одбрана.

Вчера пред воведните и кусите зборови на обвинетите, меѓу кои се и родителите на момчето и одговорното лице на стрелачкиот клуб „Партизан практично стрелање“, како и инструкторот во тој клуб, судот одлучи дека целото судење би билo затворенo за јавноста.

Денеска судењето продолжува, а пред Палатата на правдата се гледаат тажни сцени. Полека пристигнуваат родителите на убиените деца, дел од нив носат врамени слики од децата.

Анѓелко Аќимовиќ, таткото на убиената Анџелина, денеска се појави речиси еден час пред почетокот на судењето на родителите на момчето-убиец, држејќи во рацете и слика од убиената ќерка.

Првото рочиште почна вчера во најголемата судница на белградската Палата на правдата на приземје, која беше исполнета до крај. Во неa прво влегоа обвинетите, родителите и роднините на убиените деца, адвокатите и останатиот дел од публиката. Дури откако сите седнаа, со лисици беше претставен таткото на момчето убиец, кој е во притвор од 3 мај 2023 година.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата