Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал

Од:

Холивудската ѕвезда Роберт де Ниро синоќа го отвори 22. Сараевски филмски фестивал (СФФ), за кој во својот говор истакна дека е „роден во мрачен и опасен период“.

Де Ниро ја прими наградата „Почесно срце на Сараево“ за животно дело пред околу 3.500 посетители на сцената на Летното кино Телемах-Металац, а наградата му ја врачи директорот на СФФ, Мирсад Пуриватра.

– Ќе го чувам „Срцето на Сараево“ и ќе го паметам овој град со задоволство, бидејќи нема многу градови во светот кои биле храбри и покажале срце кога било најпотребно во најтешките моменти, порача светскиот актер.

Де Ниро пред отворањето на фестивалот прошетал по „црвениот килим“ и делел автограми.
– Среќен сум што сум тука. Чест ми е што сум повикан. Без заинтересиран да дојдам овде. Ме прашаа повеќе пати и јас ветив дека ќе дојдам. Ги донесов и своите две деца, зошто сакав да го доживеат ова со мене, истакна славниот глумец.

На годинешниот СФФ, кој трае од 12 до 20 август, во рамки на 18 фестивалски програми, ќе бидат прикажани 223 филмови од 61 држава.

Би можело да ве интересира

Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Сараево – најдепресивен град на Балканот

А1он

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе

Издадено е ново предупредување за невреме во Сараево: Подгответе се за најлошото