Националниот статистички институт на Бугарија објави дека 5.118.494 лица припаѓаат на бугарската етничка група, што е 84,6 отсто кои одговориле на прашањето за етничката припадност при пописот во септември 2021 година, јави дописникот на МИА од Софија. Во однос на 2011 година, тоа е намалување за 0,2%.
Дека припаѓаат на турската етничка група во Бугарија се изјасниле 508.378, или 8,4% – намалување за 0,4% во последните десет години кога беше спроведен претходниот попис. Третата по големина етничка група во Бугарија се Ромите. Како такви се изјасниле 266.720, или 4,4% – намалување за 0,5%. Дека припаѓаат на други етнички групи се изјасниле и79.006 лица 1,3% .
Не можат да се самоопределат 15.746 (0,3%) лица. Во градовите на Бугарија живеат 77,5% од бугарската, 38,4% од турската и 51,0% од ромската етничка група.
Стареењето на населението во Бугарија најмногу ги погодува лицата од бугарската етничка заедница 25,0%, турската етничка група е 19,8%, а Ромите 7,3%.
Извор: МИА