Резолуцијата за Косово едногласно донесена од српската Влада

Од:

Владата на Србија на денешната седница едногласно ја усвои платформата за Косово, што беше предложена од претседателот Томислав Николиќ и резолуцијата која ги дефинира основните принципи за преговорите со Приштина, јави Танјуг .

Претседателот Николиќ изјави дека Србија денеска покажа едногласен став и единство за прашањето на Косово и порача дека е делумно смирен бидејќи големата обврска и товар што го носел и презел, заедно со Владата, денеска биле исполнети.

-Србија барем денеска на седницата на Владата покажа дека може едногласно да застане зад еден документ, и покрај сите ограничувања и стравувања кои некој ги има кога разговара за Косово и во секоја надеж со оглед на фактот дека мина многу време и дека тоа што денеска го правиме е минимум во однос на она што можевме да добиеме пред неколку година и максимум од она што можеме да го добиеме за неколку години, рече Николиќ.

Николиќ порача дека е со Владата и дека ниту еден момент нема да се тргне од процесот на решавање на косовското прашање.

-Сакам да и помогнам на Владата и што и да им затреба можат да ми побараат помош бидејќи денеска бев на седница на Влада која заслужува да и се помогне, рече Николиќ.

Тој изрази очкеување дека и опозицијата во Собранието на Србија ќе ја поддржи Владата во спроведување на резолуцијата за Косово, која, како што наведе, е единствено можна.

– Се надевам декла и пратенциите во Собранието на Србија ќе ја сфатат важноста на моментот, рече Николиќ.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ