Република Српска отвора претставништво во Вашингтон

Од:

Република Српска денес во Вашингтон официјално го отвора осмото меѓународно претставништво, пренесуваат медиумите.

Претеседателот на Република Српска, Милорад Додик, потврди дека за шеф на канцеларијата е именуван Обрад Кесиќ и дека сите потребни процедури во врска со отворањето се завршени.

-Решени се сите проблеми, од регистрација на канцеларијата до обезбедување на финансиски средства. И покрај неприфаќањето на идејата од страна на одредени американски политичари сепак успеавме во намерата, рече Додик.

Република Српска веќе има отворено свои претставништва во Солун, Брисел, Белград, Виена, Москва, Штутгард и Ерусалим.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

Во Република Српска 50.000 домаќинства се без струја

Горан Наумовски

Република Српска ги прекинува евроинтеграциите

Закана: Без нова источна интерконекција нема ниту Јужна интерконекција во Босна

Предраг Петровиќ

Нов тест и криза: Собранието на Српска можно е да му забрани на Милорад Додик да оди во Судот на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ