Рен: Грција исполни се што побаравме, време е да и се оддолжиме

Од:

Најважно е да се договориме за на Грција да и ја испорачаме следната транша, бидејќи оваа држава го исполни тоа што го баравме од неа. Ова, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, го изјави еврокомесарот за економска и монетарна политика Оли Рен пред неговите билатерални состаноци со министрите за финансии на земјите-членки на Еврозоната пред попладневниот состанок на Еврогрупата каде главна тема е стабилизрањето на грчкиот долг и нова помош за девастираната грчка економија.

Рен притиска Грција да ги добие 31,5 милијарди евра со цел да избегне банкрот. Таа сума е во рамки на втората програма за помош на Грција која вкупно изнесува 144 милијарди евра.

– Сега е време Еврогрупата и Меѓународниот монетарен фонд да го исполнат она што од нив се очекува,  истакна Рен пред зградата „Жустус Липсиус” на Европскиот совет во Брисел.

Лидерите на Еврогрупата го започнуваат својот состанок во 17 часот, а дотогаш низ средби со еврокомесарот треба да ги усогласат разликите и на тркалезната маса да ја одобрат помошта, но и да се договорат со ММФ дали ќе има отпишување на дел од грчкиот долг со цел да се намали задолженоста на оваа земја. Грчките официјални власти најавуваа прогласување на банкрот ако до крајот на оваа недела не добијат финансиска инјекција од Еврогрупата, ММФ и Европската централна банка (ЕЦБ).

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски