Во последните 24 часа во Хрватска има 9.058 нови случаи на Ковид-19 што е највисока дневна бројка во земјата од почетокот на пандемијата. 1.824 пациенти се на болничко лекување, на респиратор се 244 лица. Во последното деноноќие поќинале 33 лица.
Бројот на активни случаи во Хрватска изнесува 39.853. 12.764 лица ја загубија битката со коронавирусот.
Поради исклучително високите бројки на новозарзени во хрватска се размислува за воведување нов рестрикции. Дел од нив се и ограничување на работата на угостителските објекти до 22 часот.