Рекорден број новозaразени во Грција, а утре се разгледува олабавување на мерките

Од:

Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, утре ќе одржи состанок за да ја разгледа епидемиолошката слика во земјата и можноста за олабавување на рестрикциите како што е отворање на малопродажбата или на училиштата, но и да се укине забраната за движење меѓу општините.

Во грчките медиуми понеделник се споменува како можен термин за отворање на продавниците, а владината портпаролка Аристотелиа Пелони во интервју за радиото „Параполитика“ рече дека Владата на комисијата и претставила рамка со опции за одредени активности и очекуваат одговор.

Останува отворено прашањето како денешните податоци за ситуацијата со Ковид-19 во земјата ќе влијаат на утрешните одлуки на надлежната комисија со оглед на тоа дека беа регистрирани рекорден број нови случаи, рекорден број на пациенти приклучени на апарати, но и зголемен број направени тестови.

Националната организација за јавно здравје соопшти 4.340 нови случаи на Ковид-19, првпат над 4.000 од почетокот на пандемијата, починаа 72 лица, а 741 пациент е приклучен на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници.

Во изминатите 24 часа биле направени 23.158 ПЦР тестови и 42.821 рапид тест.

Од почетокот на пандемијата, починаа вкупно 8.017 лица, а регистрирани се 260.077 позитивни случаи.

Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин и со воведен полициски час, со исклучок на мали временски периоди кога постоеше олабавување на мерки, додека пак областа Атика, поширокиот регион на Атина во строг карантин е од 11 февруари.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната