Регионален собир во Сараево за изградба на заеднички вредности

Од:

Претставниците на локалните власти од балканските земји, делегација на Советот на Европа и повеќе меѓународни експерти денеска учествуваат на конференција во Сараево насловена „Локалната власт за општество со заеднички вредности во југоисточна Европа“.

Како што јави Фена, тие во текот на денот ќе разговараат за начините како локалните власти и граѓаните можат да придонесат за подобар живот и развој на општеството. 

Како што соопштија организаторите на собирот, „Клуб де Мадрид“ и Фондацијата „Општество со заеднички вредности“, толеранцијата, разбирањето, почитта, но и знаењето, се предуслов за квалитетен развој и живот. 

Учесниците на конференцијата низ пет сесии ќе го разгледаат начинот на изградба на општества со заеднички вредности, а ќе биде промовирана и публикацијата „Локалната власт за општество со заеднички вредности“. 

Се планира усвојување на декларација за воспоставување на мрежа во градовите во југоисточна Европа која ќе работи на создавање на општества со заеднички вредности.

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик

Пукање во Сараево, полицијата во потрага по двете криминални групи

Од ноември нема веќе летови Скопје-Сараево

A1on

Пожар во Сараево, гори минирана површина