Референдумот во Македонија е аларм за тревога во ЕУ

Од:

Председателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ предупреди дека исходот од референдумот во Македонија мора да биде „аларм за тревога и последно предупредување“ за Брисел и сите кои одлучуваат во ЕУ.

Како што наведе, ЕУ мора „многу посериозно да се посвети на проширувањето на Западен Балкан и да повлече поодлучни стратешки чекори“.

Ѓукановиќ во излагањето во Европскиот парламент оцени дека стабилноста на европскиот континент ја зацврстува стратегијата на интеграција, а не стопирањето и кочењето на процесот на влез на Западен Балкан во ЕУ.

Тој кажа и дека „останува да се верува дека неуспехот на референдумот во Македонија“ нема негативно да се одрази на дијалогот меѓу Србија и Косово.

„Збрката и неизвесноста која доаѓа од ЕУ, ги храни илузиите на секогаш активните носители на назадната политика во регионот, а кои и натаму сонуваат за прекројување на целиот регион“, рече Ѓукановиќ.

Тој кажа дека резултатите од референдумот во Македонија најдобро сведочат за таквата состојба, додавајќи дека „децениската запуштеност на овој проблем не можеше да се надополни со интензивната поддршка на странските сили во последниве месеци“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски