Референдуми – народни недобрувања со кои ЕУ научи како да се справува

Од:

Катимерини – Атина

Историјата на Европската унија е исполенета со гласни „не“ на референдуми, како што беа оние во Франција и Холандија во 2005 година. Брисел ги заобиколи тие народни неодобрувања со ограничени отстапки, кои овој пат може да се покажат како недоволни.

– Европската унија не успева да победи на референдумите, смета Вивиан Петрисо од Францускиот институт за меѓународни односи (ИФРИ), потсетувајќи на претходните „не“-а кои ја поткопуваа европската конструкција повеќе од 20 години.

Гласањето во Финска во јуни 1992 година, против Мастришкиот договор, потоа одбивањето на Ирска во 2001 година да го прифати Договорот од Ница, а потоа и Лисабонскиот договор во 2007 година. И најмногу отфрлањето на Европскиот устав во 2005 година во Франција и Холандија.

– Секогаш се наметнуваше повторно гласање, по пероди на несигурност, потсети Петрисо.

Како и при сегашната грчка криза, и тогаш се зборуваше за излегување на Данска од Европската економска заедница во 1992-1993 година или за „план Б“ за Ирска, во случај на ново „не“ по второто гласање во 2002 година.

Серијата на референдуми, вклучувајќи го и неделниот во Грција, на кој со „не“ гласаа 61,31 проценти од граѓаните, „е симптоматично за големиот недостиг на доверба меѓу европското население и ЕУ“, потенцира Хендрик Вос, политиколог и европеист од Универзитетот во Гент.

Во 1992, 2001, 2005 и 2007 година, прашањата директно се однесуваа на некои основни договори, со цел да се дојде до подлабока политичка и економска евроинтеграција. Во секои од претходните случаи, владите си ги штитеа позиците да се гласа „да“, додека во грчкото сценарио премиерот од радикалната левица, Алексис Ципрас, водеше активна камапња да ги убеди Грците да изгласаат „не“ на реформите што ги бараа кредиторите во замена за нова транша финансиска помош за Грција.

На веб страната на грчата Влада посветена на гласањето, кое беше организирано набрзина на крајот на јуни, постои оддел насловен „тие исто го сторија тоа“. Во него е наведен список на организирани референдуми по 2000-та година, во кои на видно место се оние во кои победило „не“.

Овој метод ги налути европските политички лидери. – Тој е дијаметрално спротивен на суштината на Европа, каде треба да бидат земени предвид алармите на Холанѓаните и Германците, приоритетите на Грците и на Ирците, интересите на Шпанија и Шведска, вели Вос. – Правењето политика во Европа по дефиниција значи барање на компромис. Одговорот ќе беше доста поразличен ако прашањето на владата на Ципрас беше поставено во 19-те држави кои го корисат еврото и кои се главните кредитори на Грција, забележува тој.

Во минатото, Брисел секогаш успевал да одолее на спротивностите, барајќи трпение и разбирање.

– Во сите кампањи за референдуми на кои избирачите глсале со не, европските лидери се грижеа за тоа да чујат изразени ставови, да дадат некои дополнителни гаранции, вели Фредерик Алман, координатор за европски науки во лукесмбуршкиот Виртуелен центар за истражувања во Европа (ЦВЦЕ).

– Данците и Ирците го добија тоа што го сакаа, вели Петрисо, потсетувајќи на искучоците кои се уште ги користи Копенхаген по прашањата како што се воведувањето на еврото и внатрешните работи. Даблин успеа да добие гаранција за зачувување на својата воена неутралност, забрана за абортусот и за ниските даноци. Две години откако беше кажано „не“ на Европскиот устав, се најде излез од ситуацијата и беше донесен нов договор.

– Големата разика сега е што кредиторите на Грција не се подготвени да вложат макар и најмал дополнителен напор во преговорите за прифаќање на план за финансиска помош во замена за тешки реформи, вели Алман.

Според Петрисо, „единствен начин да биде сменет балансот е да се предложи отстапка, на пример, за отпишување на долгот“, кое Атина го поставува како предуслов за преговори.

Тоа прашање ќе биде следено внимателно од другиот крај на Европа, во Велика Британија, каде конзервативецот Дејвид Камерон е од другата страна на политичката шаховска маса во однос на Ципрас. Камерон беше повторно избран со ветувањето до 2017 година да организира референдум со прашањето дали неговата земја да остане во Европската унија.

– Ако Грците добијат отстапки, Британците ќе го посакаат истото, потенцира Петрисо.

Би можело да ве интересира

Грчки медиуми: Сиљановска вели дека се однесуваат одговорно кон Договорот од Преспа, се сомнева дали истото важи и за Грција

Туристите и граѓаните на Грција добија предупредување за лошо време на северот од земјата

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море