Речиси тон хероин откриен во складиште кај Атина

Од:

Речиси тон хероин е откриен во складиште близу Атина при што се уапсени 14 луѓе. Тоа е второ запленување дрога во изминатите седум дена, соопшти денеска грчката полиција.

Според првичните информации, 986,5 килограми хероин се донесени со танкер во Грција и пронајдени во складиште во поморското место Коропи на околу 40 км. од Атина.

Меѓу уапсените најголем број се членови на екипаж од танкерот – 10 се странци и директорот на грчка компанија кој е сопственик на бродот како и тројца други вмешани во аферата. Пред една недела повеќе од еден тон хероин беа пронајдени во друго складиште во Атина и уапсени 11 луѓе.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица