Ребусот „180 пратеници“ во изборот на новиот претседател на Грција

Од:

Расте притисокот врз пратениците во грчкиот парламент во врска на претстојните три гласања според уставот за избор на нов претседател на државата. Првото од тие гласања е денеска.

Во врска со процедурата, сондажите во парламентарното задкулисие се повеќе од грозничави, затоа што изборот се претвори во подготвеност на политичките елити за евентуално вонредни парламентарни избори, ако сегашниот парламент не избере нов шеф на државата.

Операцијата за изборот се координира од самиот премиер Андонис Самарас. Освен него, водечка улога во овие сондажи е доверена на државниот министер Дмитрис Стаматис, на претседателот на парламентот Евангелос Мејмаракис, на претставничката од правосудството Софија Вултепси, како и на министри и поранешни министри, поддржани од личните контакти со претставници најмногу од формацијата Независни Грци, која се појави по отцепувањето на нејзини кадри од партијата-мајка Нова демократија.

Во разговори во четири очи, некои од тие пратеници сметаат дека шансите да бидат собрани неопходните според уставот 180 гласови се минимални. Од круговите на поранешнот премиер Костас Караманлис и на Дора Бакојани, пак имаат повеќе надеж и сметаат дека е возможно таа бројка од гласови да биде собрана.

На основа на тоа, стремежот на главната опозициска партија, радикалната левица Сириза, е да обезбеди 121 пратеници кои би гласале „против“ на третото гласање, кога ќе се бараат 180 гласови за да биде спречен тој избор и да се стигне до предвремени парламентарни избори.

Против таа намера на опозицијата е мобилизиран задкулисниот потенцијал на партијата Нова демократија во парламентот, затоа што нејзина цел е да се фокусира воглавно на тоа да ги убедуваат пратениците да го дадат својот глас како поддршка на кандидатурата на Ставрос Димас за претседателската позиција, предложен од владината коалиција.

До моментов, пред првото гласање освен 155-те пратеници од двете партии кои учествуаат во владеачката коалиција – Нова демократија и Пасок – претседателската кандидатура на Ставрос Димас се очекува да биде најверојатно поткрепена и од седум независни пратеници.

Голема тежина при тој избор ќе падне врз пратениците од партијата Независни Грци и од Демократската левица Димар, кои располагаат со12 и 10 народни избраници во парламентот.

Засега ситуацијата во партијата Независни Грци е доста нејасна, затоа што во последно време таму царува голема нервоза и тешко дека би можело да се извлече заклучок во однос на пристапувањето кон секој од нејзините пратеници.

Катиметрини – Атина

 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит