Вкупно 22 лица се уапсени во заедничка акција на српската и австриската полиција, во која е разбиена меѓународна група што произведувала наркотици во Србија или ги набавувала од Албанија и Косово, а потоа ги продавала во Австрија и Германија.
Во акцијата се запленети 64 килограми марихуана и се откриени две нарко лаборатории.
Шефот на канцеларијата за борба против организиран криминал при австриската Сојузна криминалистичка служба, Андреас Холцер на прес-конференција во Виена ја пофали соработката со српската полиција, истакнувајќи дека Србија веќе неколку години е еден од најважните партнери на криминалистичката полиција на Австрија.
Тој посочи дека од 2016 година српските и австриските власти покренале истрага против една организирана српска криминална група, која се занимавала со меѓународен шверц на наркотици.