Расте бројот на косовски азиланти во Германија

Од:

Бројот на барањата за азил од косовските граѓани за Германија е во пораст, покажуваат податоците на Сојузниот завод за миграција и бегалци што денеска ги објави германското Министерство за внатрешни работи.

Граѓаните на Косово, според овие податоци, во јануари годинава поднеле вкупно 3.630 барања за азил во Германија и со тоа се покажува тенденцијата на постојан раст. Имено, во декември минатата година од Косово пристигнале 1.956 барања за азил, а во ноември лани имало 1.622 барања.

Кога станува збор за граѓаните на Србија, тие во јануари годинава вкупно поднеле 3.328 барања, а во декември лани вкупно 3.369, покажува статистиката според која во јануари годинава спредо вкупниот број поднесени барања за азил во Германија на прво место се граѓаните на Сирија, на второ е Косово, на трето Србија, а потоа следат Албанија, Авганистан, Ирак, Македонија и Босна.

Германската амбасада во Приштина предупреди на „лавина азиланти од Косово“, пишува „Билд ам Зонтаг“, наведувајќи дека дипломатите бараат итна акција на германските власти и веруваат дека Косово се наоѓа пред масовен егзодус кој со брзи мерки, пред се на Берлин, може да се запре.

„Билд ам Зонтаг“ пишува дека илјадници лица го напуштаат Косово и дека најголемиот број од нив илегално одат во правец на Германија, каде, според мислењето на германските дипломати, „ги мами“ долгата административна постапка до протерувањето назад на Косово.

Доколку се продолжи со трендот на заминување, тогаш месечно од Косово ќе си заминуваат од 25.000 до 30.000 лица, односно, во текот на една година 300.000 лица, што е „шестина од вкупното население“, ги пренесува весникот проценките на германските дипломати, кои бараат под итно да се одбиваат подносителите на барања за азил во Германија и истите без никакво одолговлекување да се вратат назад.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска