Раст на невработеноста во Бугарија

Од:

Невработеноста во Бугарија во декември се зголеми на 11,4 отсто од ноемвриските 11,3 проценти, соопшти денеска националната бугарска агенција за вработување.

Во декември без работа биле 375.770 лица, што е раст од ноемвриските 372.122 луѓе, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Официјалните податоци ги опфаќаат само лицата од регистарот на националната агенција за вработување.

Бугарската индустриска асоцијација на почетокот на месецот објави дека вкупната невработеност во Бугарија изнесува 17-18 проценти од работоспособното население.

Официјалната стапка на невработеност во Бугарија во 2011 година изнесуваше 10,1 процент, што е зголемување од 9,5 отсто во 2010 и 7,6 проценти во 2009 година.

Според последните прогнози на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Бугарија во 2013 година ќе има стапка од невработеност од 12,5 отсто.

Би можело да ве интересира

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски