Раст на бројот на заразени од западнонилска треска во Грција

Од:

Грчките здравствени власти потврдија десет случаи на западнонилска треска, предупредувајќи дека бројот на заразени е нагло зголемен, пишуваат грчките медиуми.

Пет од регистрираните случаи се во тешка состојба, со оштетувања на централниот нервен систем.

Според научниците се очекува во следните денови бројот на заразени да се зголеми, бидејќи болеста се наоѓа во фаза кога го достигнува својот врв.

Постои опасност вирусот, кој се шири по каснување од комарци, да се прошири и ги зафати јужните делови на земјата, особено полуостровот Пелопонез и островот Крит.

Досега осум области во Грција се погодени од вирусот на западнонилска треска.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит