Србија мора да ги изработи домашните задачи и да ги спроведе неопходните реформи, а нашата врата е секогаш отворена, изјави генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
Тој нагласи дека влезот на Србија во НАТО зависи во голема мера од одлуките и посветеноста на самата држава.
– Позицијата на НАТО е дека нашата врата е отворена, секако под услов земјите заинтересирани за влез да ги исполнуваат условите и критериумите.
– Србија знае што треба да стори – да ја изработи домашната задача, да ги спроведе потребните реформи. Нашата врата не се отвара автоматски, морате да ја покажете вашата добра волја. Кус одговор за Србија е – ние сме подготвени кога вие сте подготвени, рече генералниот секретар на НАТО.
Расмусен во интервјуза „Курир“ изјави дека одлуката на ЕУ за почеток на преговорите за влез на Србија е вистинска одлука, која покажува колку може да се постигне низ реформи и дијалог.