Расмусен утре во Атина на средби со државниот врв на Грција

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, утре и задутре ќе престојува во работна посета на Грција каде се планирани средби со политичкиот врв на нашиот јужен сосед, јавува дописникот на МИА од Брисел.


Според информациите од седиштето на Алијансата во Брисел, Расмусен следните два дена во Атина ќе се сретне со грчкиот претседател Каролос Папуљас, со премиерот Андонис Самарас, како и со министрите за надворешни работи и за одбрана, Евангелос Венизелос, односно Димитрис Аврамопулос.


Иако од НАТО не соопштуваат за што точно првиот оперативец на најголемата воено-политичка организација на светот ќе разговара со државниот врв на Грција, сигурно е дека на агендата е и прашањето за името и спорот со Република Македонија.


Ова посебно што идната година во Велика Британија ќе се одржи Самит на НАТО, на кој е најавено дека ќе има прием на нови членки, при што од страна на македонските пријатели во Алијансата се врши притисок покрај Црна Гора, во овој пакет да влезе и Македонија.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он