Расмусен потврди дека Црна Гора постигнала очигледен напредок кон членството во Алијансата

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен констатира денеска во Подгорица дека Црна Гора постигнала очигледен напредок на патот кон членство во Алијансата.

Расмусен, кој денеска се сретна со претседателот Филип Вујановиќ и претседателот на Парламентот Ранко Кривокапиќ, даде позитивна оценка за напорите на Црна Гора до следната средба на врвот на НАТО да ги активира напорите и да ги оправда уверувањата дека е подготвена за членство.

Алијансата смета дека евентуалната покана за членство на средбата на врвот во Велс е стратегиски важна не само за Црна Гора, туку и за целиот регион и НАТО, беше констатирано на средбата на Расмусен со црногорските лидери. 

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година