Расмунсен и Јанша за проширувањето на НАТО на Западен Балкан

Од:

Генералниот секртетар на НАТО Андерс фог Расмунсен разговараше денеска во Љубљана со словенечкиот премиер Јанез Јанша за низа теми кои се однесуваат на Алијансата меѓу кои и проширувањето кон држави од Западен Балкан.

Јанша нагласи дека од посебен интерес на Словенија е проширување на Алијансата на држави од Западен Балкан под услов да се исполнат потребните критериуми.

– Сметаме дека членството на тие држави во НАТО би претставувало еден од главните придонеси за безбедноста и стабилноста во регионот и еден од условите за економски напредок на целиот регион, изјави шефот на словенечката Влада.

– Присуството на НАТО на подрачјето на Западен Балкан е исклучително важна гаранција за стабилноста, додаде Јанша оценувајќи дека соработката на НАТО со државите од регионот е позитивна.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста

Рубио: САД бараат пет проценти одбранбени трошоци од сите членки на НАТО