Раскол во Сириза: Жал ми е што го измамив народот со Ципрас

Од:

Откако грчкиот премиер Алексис Ципрас, поднесе план до Брисел, за излез од кризата, се огласи неговиот партиски колега Манолис Глезос (92), истакнувајќи дека шефот на владата во Атина ги изневерил сите предизборни ветувања и дека му е жал што и самиот учествувал во измамите на грчкиот народ.

Тој нагласи дека со новиот договор со ЕУ, грчките власти рибите ги замениле со месо и дека Ципрас капитулирал пред Европа.

– Не сменивме ништо доколку европските кредитори ги преименуваме во „институции“, меморандумот во „ договор“ и доверителите во „партнери“. Луѓето гласаа за она што Сириза го вети- укинување на мерките за штедење, која што не е само стратегија на олигархиска Германија и другите држави во ЕУ, туку и на грчката олигархија. Луѓето бараа укинување на меморандумот и Тројката, укинување на сите закони за штедење. Помина цел месец, а ветувањата не преминаа во дела. Се извинувам на народот што дадов свој придонес за таа илузија – изјави претставникот на Сириза во еврпскиот парламент, кој во државата е познат уште од 1941 година кога во Акропол го симнал фашистичкото знаме на Германија.

Ваквите изјави аналитичарите ги оценуваат како голем удар за Ципрас и мотиви за можна појава на сериозен раскол во левичарската партија.

Инаку новата грчка влада до Брисел го испрати првиот список со реформи кои планира да ги спроведе.

Европската комисија, Европската централа банка и ММФ го прифатија моделот и решија да ја продолжат програмата за помош на Грција, што значи дека новата влада се обврзува да продолжи да ги исполнува обврските кон кредиторите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми