Лидерот на албанските џихадисти во составот од организацијата Исламска дежава, Лавдрим Мухаџери бил ранет во жестока битка во Сирија, објавија денеска косовските медуми.
Веста за ранувањето на Мухаџери на својот профил на Фејсбук ја објавил, како што самиот се нарекува, „неговиот другар Салел ал Саварим“, кој тврди дека по извршената операцијата тој се чуствува добар и дека набрзо ќе се врати на боиштето.
– Лавдрим Мухаџери се чувствува добро, дома е, а не е во болница: Алах му овозможува брзо да заздрави од здобиените рани и операцијата и да се врати на фронтот заедно со неговите лавови, пишува на Саварим во објавата.
Саварим објави и вонемирувачки фотографии на кои се гледа како тој му ја отсекува главата на едно младо момче, а под сликите пишува дека тоа го прави „во име на верата“.
Претходно, беа објавени фотографии на кои Михаџери обезглавува младо момче, а потоа ја држи главата во неговите крвави раце.
Во меѓувреме косовски суд им одреди мерка домашен притвор на имамите Зекирија Ќазими од Гњилане и Лиридон Кабаши од селото Полац кај Србица, кои се обвинети за потттикнување на екстремизам.
Адвокатот на Ќазими изјави дека ваквата одлука е неправедна, но дека сепак „домашен е многу подобара опција од затворски притвор“.
Четириесетте џихадисти упасени минатат недел добија триесетдневен притвор.