Рама жестоко кон ЕУ: Нè оставивте да чекаме

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама ја критикуваше ЕУ за дистрибуција на вакцини против коронавирусот, велејќи дека Унијата ги оставила земјите од Западен Балкан да чекаат резерви на вакцини се додека земјите-членки не обезбедат доволно за своите граѓани.

Тој на прес-конференција изјави дека ЕУ донела „несреќна одлука“ да достави таканаречени „вишок вакцини“ за Западен Балкан.

– За жал вакцината е повеќе од каква било дипломатија, лични односи, пријателства, контакти. Голема војна се одвива во позадината на набавките, рече Рама.

Попладнево шефот на албанската Влада придружуван од министерката за здравство Огерта Манастирлиу, при посетата на Инфективната клинка по повод Божик, сепак најави дека Владата е при крај на склучување договор со некои компании за вакцината и оти здравствените работници ќе бидат први вакцинирани.

Празникот на персоналот на клинката, кој од самиот почеток е на првата борбена линија со опасниот вирус, им го честиташе со божиќно цвеќе и други подароци.

– Огромна почит кон сите вас. Ова што се случи еднаш во 100 години беше врз вашите плеќи и очигледно ќе се изборите многу успешно. На почетокот на следната година ќе ги имаме првите дози што ќе бидат за вас, здравствените работници. Започнавме проект на стадионот „Ер Албанија“ каде ќе се врши имунизација. Проценето е дека отворен простор ќе биде многу подобро и сметаме дека на почетокот на јануари ќе биде се подготвено да го започнеме процесот на вакцинација, истакна Рама.

По здравствените работници, според премиерот, имунизацијата ќе продолжи со приоритетните групи, просветнте работници и полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он