Рама за хашкиот обвинител Хаулинг: „Каков меѓународен идиот“

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама го нарече хашкиот обвинител Метју Хаулинг „меѓународен идиот“.

Во објава на Фејсбук сподели видео од обвинителот во кое тој вели дека „Хашим Тачи се обидел да ги измами меѓународните претставници“.

Во видеото, обвинителот вели: „Тачи успеа да го прикрие она што се случуваше во реалноста, особено Рубин и Кларк покажаа дека немаат интерес да разберат што се случуваше во реалноста“.

„Каков МЕЃУНАРОДЕН ИДИОТ“ – напиша Рама на тоа.

Ова е втора реакција на Рама откако вчера Специјалното обвинителство во Хаг, побара по 45 години затвор за четворицата поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Тој на Платформата „Икс“ синоќа напиша дека не може да ја разбере логиката на која се потпира СО во Хаг, за да излезе со вакво „неразумно и неприфатливо барање“.

Би можело да ве интересира

Бериша до Рама: Ако си маж, утре остани во канцеларија!

А1он

Рама: Италија може да побара од Албанија што сака и ние ќе кажеме да

А1он

ВИДЕО: Еди Рама и Макрон го исмеваат Трамп за „мировниот договор меѓу Азербејџан и Албанија“

Катерина Ѓуровски

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Кошта од Тирана: Албанија може да биде во европското семејство и пред 2030 година

А1он

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија