Рама: Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај сепак ќе седне со легитимните власти на суверено Косово

Од:

Албанскот премиер Еди Рама, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „нема да ја признае независноста на Косово и дека преговара со Западот, а не со Албанците“,рече дека „Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај сепак ќе седне со легитимните власти на сверената држава Косово “.

-Доколку сме едно, претседателот на Србија може да оди на Запад, може да оди на Исток, ако сака може да оди и на Месечината, но на крајот сепак ќе седне со нас. И кога ќе кажам со нас, тоа значи ќе седне со легитимните власти на суверената држава Косово, рече Рама на заедничката прес-конференција со неговиот косовски колега Авдулах Хоти.

Тој додаде дека претседателот Вучиќ е претседател на Србија и дека Тирана секогаш ќе дава целосна подршка за Косово.

-Тој ги брани интересите на Србија, од своја гледна точка, се разбира и може да каже дека не преговарал со Албанците, преговарал со Западот, но нема шанси тој да преговара со Западот за Албанците. Тирана целосно ги подржува властите во Приштина,посочи Рама.

-Во пресрет на ваквите провокативни изјави имаме две патеки. Едната е начинот на барикадирање, а другата е начинот на соочување. Барикадата е на наша штета, а не на штета на Србија. Директното, лице в лице, соочување, со мирољубиви средства е наш предизвик.Победник е оној кој е помудар, оној кој ќе успее да ја покаже силата на умот и мирот, но губи оној кој се прави посилен со фејсбук и се прави посилен со изјави кои предизвикуваат раздор. И се прави силен со употреба на емоции, со употреба на внатрешни конјунктури да се појави пред народот како голем патриот или голем знаменосец што ја спасува татковината од предавници и агенти, истакна албанскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он