Рама повторно ја критикуваше ЕУ околу вакцините и не исклучи набавка на вакцини од Кина

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама и понатаму не ги штеди своите критики кон Европската унија кога станува збор за вакцината против Ковид-19.

Рама рече дека нема да биде изненадување доколку Албанија, како и Северна Македонија, го сврти погледот кон кинеската вакцина, во време кога ЕУ нема одговор за земјите од западен Балкан.

Според него ако тоа се случи, ќе биде тешко за ЕУ, која „можеше да сподели по некој пакет за земјите од Балканот“.

-Ние бевме од почеток и ја следиме границите каде се чувствуваме дека сме дел и сакаме да се интегрираме – ЕУ. Во актуелните услови сметам дека се наоѓаме во позиција да се чувствуваме дека сме ја изгубиле шансата или времето. Секако дека можеме да го направиме овој хаос, можеби и во секунда, но не би сакал да го сторам тоа, тоа би било претешко за ЕУ, рече Рама.

Додаде дека за него е многу тешко е што Северна Македонија била принудена да се сврти кон Кина за да ја набави вакцина и оти тоа било тешко и за ЕУ.

-За мене е многу тешко што Северна Македонија беше принудена да се сврти кон Кина за да набави вакцина. Беше тешко и за ЕУ.Исто како што на ЕУ и е тешко што Србија е подготвена да достави 4.000 вакцини во Македонија, а ЕУ сè уште не е во можност да дистрибуира по една кутија до сите земји во регионот. Не ме терај да зборувам повеќе, директно му се обрати Рама на новинарот, кој го праша дали и Албанија ќе набави кинеска вакцина.

На повторените обвинувања на Рама упатени до ЕУ, реагираше опозицската Демократска партија, на Љуљзим Баша, оценувајќи дека „е обид да ја оттргне од себе вината, обид што нема да го спаси на 25 април да си оди дома“.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски