Албанија денеска почнува со вакцинацијата против Ковид-19 најави премиерот Еди Рама. Деталите за процесот на вакцинација не се познати. Владата обезбеди 500 илјади дози од вакцината на Фајзер/Бионтек.
На 1. јануари Рама рече дека првитe 10.500 дози од вакцината во Албанија ќе стигнат во третата седмица од јануари. Потоа уште 30.250 дози во февруари.
Стадионот „Ер Албанија“ ќе биде првиот центар за вакцинација. Како што најави Рама, први ќе бидат вакцинирани лекарите и медицинскиот персонал.