Во пограничниот град на Турција, Килис, падна ракета испалена од северот на Сирија, при што никој не е повреден, известија светските агенции.
Ракетата е исфрлена од подрачјето Африн, каде што Турција води офанзива против вооружените сили на сириските Курди, сметајќи ги за безбедносна закана бидејќи соработуваат со курдските бунтовници во Турција.
Жителите на Килис се разбегале во паника кога ракетата експлодирала погодувајќи една зграда.
Досега во ракетни напади на турските погранични градови Килис и Рејханли загинаа три лица, а беа ранети повеќе од 20.