Радман за проширувањето кон Западен Балкан: Ќе поддржиме тоа што е реално

Од:

Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман изјави дека се големи очекувањата од Самитот на Европска Унија во Загреб во мај, на кој главна тема ќе биде проширувањето со земјите од Западен Балкан, но оти истите мора да бидат усогласени со степенот на реформи што сакаат да ги постигнат земјите.

– Треба да се управува со очекувањата, а од друга страна ние ќе го поддржиме тоа што е реално и можно. Процесот на влез во ЕУ не е од денес за утре и ние работевме силно и тешко на исполнувањето на сите критериуми и мерила, посочи Радман за Н1 Загреб.

Тој нагласи дека Хрватска, која од вчера претседава со ЕУ, ќе се залага и за соседството.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ