Радев: Време е сите да покажат одговорност, Бугарија нема време повторно да организира избори

Од:

Ние мора да имаме влада, сите го очекуваме тоа, не мислам дека Бугарија има време за губење и да организира избори по избори, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев во Созопол.

Тој потенцира дека очекува одговорен став од сите политички партии, дијалог и консензус за важните приоритети.

– Сега е време сите да покажат одговорност, истакна Радев.

Тој посочи дека се надева дека нема да се организираат нови избори.

– Но, ако сепак е потребно, ќе ја разберете мојата одлука за тоа дали истата привремена влада ќе остане или ќе има смени, наведе Радев.

На прашањето како би ја оценил работата на сегашната привремена влада, претседателот рече дека ја извршува својата работа на најдобар можен начин во оваа ситуација.

Радев вечерва учествува во одбележување на празникот на Созопол, посветен на Света Марина, а за утре е предвидено да ја посети црквата Свети Димитае Солунски во Ајтос, при што ќе положи цвеќе по повод 184-годишнината од раѓањето на Васил Левски.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија