Радев: Во Бугарија нема судир меѓу претседателот и премиерот, туку на народот против мафијашката власт

Од:

Единствен начин за излез од политичката криза во Бугарија е Владата веднаш да поднесе оставка, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, јави БГНЕС.

– Секоја влада мора да има редовен дијалог со граѓаните, а не да ги преплавува со пропаганда за невиден успех. Владата треба да работи на таков начин што ќе ги полни паричниците на граѓаните, а не да ги цица за да ги пополни своите, рече Радев.

Тој оцени дека времето за дијалог е изминато и додаде дека Владата мора да покаже дека размислува за граѓаните.

– Јас не прифаќам поддршка, која има за цел да ја претстави кризата како конфликт меѓу претседателот и премиерот. Ова не е судир меѓу две лица и судир меѓу две институции, ова е судир на народот со мафијашката влада, додаде Радев.

Според него, упорноста на владата ја турка Бугарија во ќорсокак.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада на Росен Желјазков го преживеа гласањето за недоверба

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија