Радев во Брисел побара ЕУ да се солидаризира со Бугарите, ама не кажа на која тема

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев се обрати кусо пред почетокот на самитот на ЕУ и повика на солидарност, но не прецизираше на која тема.

Како и повеќето други лидери, бугарскиот претседател застана да даде куса изјава за новинарите, пред почетокот на средбата на шефовите на држави и влади на ЕУ. Тој упати изјава во која побара солидарност од ЕУ.

-Ова е многу важна средба за сите земји членки и за иднината на ЕУ, имаме огромни предизвици пред нас и треба да го најдеме најважното: балансот, и во сите фактори што влијаат врз развојот на иднината потребна ни е солидарност и да се земат предвид проблемите на секоја земја членка, изјави Радев.

Нејасно е на што се однесува оваа изјава и дали Бугарија планира вечерва да ја отвори темата за преговорите со Македонија со другите земји членки на ЕУ.

Денешниот ЕУ-самит во најголем дел е посветен на Белорусија, додека утре на маса се темите на Блискиот исток, Брегзит и Ковид-19.

Радев вечерва ќе оствари билатерална средба и со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли.

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки