Радев: Палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ е уште една провокација

Од:

Палењето на културниот центар на Бугарите во Битола е уште една провокација, дел од долгогодишната антибугарска кампања во Северна Македонија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.

„Толерирано повеќе или помалку од официјалните власти, со години наоѓаше израз во уривањето споменици, спомен-плочи, сквернавењето на воените гробишта поврзани со Бугарите и нашата заедничка историја. Преку навреда и искривување на историските вистинити текстови за Бугарија и Бугарите во учебници, книги, филмови, натписи во музеи и јавни места, таа ги труе и продолжува да ги труе умовите на многу генерации и да го попречува развојот на добрососедските односи меѓу двете земји.

Бугарија не случајно ги поставува најважните услови за нашиот договор за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вклучување на граѓаните со бугарски идентитет во уставот на земјата како нација која ја гради државата и дава сигурни и неповратни гаранции за надминување на говорот на омраза. За жал, и денес владејачката партија и опозицијата во РСМ не можат да постигнат парламентарно мнозинство за да ги исполни овие темелни критериуми на демократијата“, соопшти прес-службата на Радев.

Тој порача дека сакаат да веруваат дека повиците од официјалните институции во Македонија решително да се бараат сторителите на овој, како што го нарекува, варварски чин, ќе се реализираат во пракса.

„Денес, додека работиме напорно за да ги надминеме тешкотиите и нерешените прашања и да го трасираме нашиот заеднички пат кон обединета Европа, институциите на Република Северна Македонија мора да ја сфатат својата одговорност кон младите генерации и да спречат омраза да доминира во јавниот простор“, додава Радев.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?