Радев: Оние кои предлагаат Бугарија да и даде воена помош на Украина, нема да ги ризикуваат своите животи за неа

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев коментира дека предлог-одлуката што ГЕРБ ја достави до 48 Народно собрание за воена помош од Бугарија за Украина ќе ги зголеми ризиците од нејзино вклучување во војната, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Радев, војната во Украина го проширува не само просторот на воените операции, туку и формите на проширување. Радев рече дека не верува оти оние кои предлагаат Бугарија да и даде воена помош на Украина, некогаш ќе војуваат и ќе ги ризикуваат своите животи за Бугарија. Тој уште еднаш апелираше до Народното собрание на Бугарија за разум и одговорност.

Одземањето на воените капацитети од бугарската армија во овој момент, според Радев, ќе го продлабочи одбранбениот дефицит на бугарската армија да ја брани својата земја на подолг временски период. А тоа, според него, ќе се совпадне со период на влошување на безбедносната средина не само на северот на Бугарија, туку и на Балканот и ги зголемува ризиците за нејзината безбедност.

Според Румен Радев, сега е време Националното собрание на Бугарија да се зафати со модернизацијата на бугарската армија.

Претходно денеска пратеничката група на ГЕРБ-СДС до Народното собрание на Бугарија поднесе предлог за гласање за одлука за воена помош на Украина. Дополнително, најголемата партија во 48 Народно собрание на Бугарија поднесе предлог-одлука за усвојување на еврото во Бугарија и за компензации за недомашните крајни потрошувачи на електрична енергија. ГЕРБ-СДС предложи, покрај воената помош за Бугарија за Украина, преодната влада да спроведе консултации, во рамките на иницијативата на НАТО за зајакнување на источното крило, за распоредување сили и средства за гарантирање на безбедноста на Бугарија, вклучително и за заедничка заштита на нејзиниот воздушен простор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година