Рација во Турција, 85 уапсени

Од:

Турската полиција во акција во неколку градови, уапси 85 лица осомничени за врски со една тајна организација на екстремната левица, објавија медиумите.

Меѓу уапсените во Анкара, Измир и Истанбул се околу 15 адвокати од канцеларијата позната дека ги брани активистите на екстремната левица, наведе телевизијата НТВ.

Рацијата беше насочена кон извори блиски на партијата / фронт за ослободување на револуционерниот народ (DHKP-C), која е одговорна за бројни насилни акции во Турција од крајот на 1970-тите.

Партијата ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во Истанбул на 11 септември минатата година, кога е убиен еден полицаец. САД и
Европската Унија ја вклучија во списокот на терористички организации.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он

(ВИДЕО) Страотна трагедија во Турција: 66 мртви во пожарот во кој изгоре хотел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во хотел во Турција, десетмина мртви

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија