Путин воведе санкции и кон Црна Гора

Од:

Со руската едногодишна забрана за увоз на одредени земјоделски и прехранбени производи од земјите кои наложија санкции кон Русија или ги поддржаа, на удар ќе се најде и Црна Гора, која даде поддршка на санкциите воведени кон Москва поради конфликтот во Украина, јавија црногорските медиуми.

Мминистерството за надворешни работи и европски интеграција на Црна Гора најави дека „најверојатно денеска ќе реагира“ во врска со руската забрана.

Указот за „одредени економски мерки“ што официјално вчера го потпиша рускиот претседател Владимир Путин, предвидува мерки како одговор на санкциите воведени кон Русија.

Владата на Црна Гора претходно ги поддржа заклучоците на Советот на Европската унија, со кои на 53 руски и украински државјани им е забранет влез во земјите на ЕУ и располагање со средства во членките на Унијата.

Би можело да ве интересира

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина