Путин: Русија не тргува со своите пријатели

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека воената парада во Белград, по повод 70-годишнината од ослободувањето е можност да се изрази гордост и благодарност на ветераните.

-Годишнината од ослободувањето е можност да им се одаде почит на сите кои што се бореа против нацистите на сите фронтови. Нашите предци се бореа за вистински работи и постигнаа врвни резултати. Нивната храброст немаше граница-изјави тој на отворањето на парадата.

Путин нагласи дека Русија има принципиелна позиција која што не се базира само на пријателство и блискост, туку на меѓународно право.

-Тој принципиелен став не може да се промени, имаме намера да ја подржиме Србија, бидејќи Русија не тргува со своите пријатели-нагласи тој.

Поради исклучителните заслуги во развивање на соработката и пријателските односи помеѓу двете држави, претседателот Томислав Николиќ му подари орден на рускиот претседател.

Српската и руската страна потпишаа седум договори од област на одбрана, енергија, заштита на податоци и царина.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск