Русија и Турција заедно ќе работат за разрешување на сириската криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на заедничка прес-конференција со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Истанбул.
Путин истакна дека во Русија и Турција се појавиле нови идеи за разрешување на сирискиот конфликт, но двете земји се уште не можат да најдат заеднички пристап за методите за ставање крај на кризата во Сирија.
Шефот на руската држава исто така изјави дека Сирија нема интерес да ги напаѓа соседите, а паднатите гранати во Турција од сириска територија биле случајност.
Ердган изјави од своја страна дека заедно со Путин им наложиле на шефовите на дипломатиите на двете земји да работат поинтензивно за разрешување на сириската криза.
– Сакаме во Сирија да биде обновен мирот и стабилноста, додаде Ердоган.