Пусиќ: Хрватска ќе инсистира Србија да ги исполни критериумите

Од:

Хрватска ќе инсистира Србија да ги исполни сите критериуми на патот до Европската унија, изјави денеска потпретседателката на хрватската Влада и министерка за надворешни работи Весна Пусиќ.

– Критериумите се обемни, што ние знаеме и од нашето искуство и на нив треба многу да се работи, рече таа, коментирајќи го тоа што хрватските европарламентарци, посебно оние од клубот на Европските народни партии, во Европскиот парламент поднесоа серија амандмани на извештајот за напредокот на Србија.

На прашањето на новинарите дали се поднесени амандмани и за ставот на хрватската Влада, Пусиќ одговори дека европратениците се директно бирани и немаат никаква обврска во ЕП да ја претставуваат политиката на хрватската Влада.

– Владата учествува во процесот на преговори како држава членка и нема да користи ништо надвор од тоа што се критериуми за напредување во процесот, рече Пусиќ, нагласувајќи дека Хрватска билатералните проблеми со Србија ќе ги решава билатерално.

Хрватските европратеници поднесоа 12 амандмани на нацрт извештајот на ЕП за напредокот на Србија, вклучувајќи го и предлогот Белград да го измени законот за надлежноста за судење за воени злосторства во поранешна Југославија и барајќи тоа да биде услов за отворање на поглавјето 23 во пристапните преговори.

Министерката Пусиќ, меѓутоа, директно не одговори на прашањето на новинарите дали ќе има блокада на поглавјето 23.

– Барањата се јасни и тука нема многу простор за расправа. Кога Србија ќе ги исполни критериумите ќе напредува, додека не ги исполни треба да поработи на нив, рече таа, пренесе Хина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Интерпол го одби барањето на БиХ за распишување меѓународна потерница за Додик