Хрватска ја поддржува перспективата на Турција за приклучување кон ЕУ и смета дека е неопходно земјат да влезе во унијата, изјави денеска во Анкара хрватскиот шеф на дипломатија, Весна Пусиќ, пренесе ТАСС.
Турција е многу важна регионална земја и сосед на Балканските држави. Хрватска и Турција истовремено ги почнаа преговорите за пристапување во ЕУ. Од 1 јули 2013 година Хрватска се приклучи кон Унијата. Тоа, меѓутоа, се случи не зошто сме многу подобри од Турција, туку затоа што земјата е многу помала, забележа Пусиќ, која денеска се сретна со својот турски колега Мевљуд Чавушоглу.
Според Пусиќ, членството на Турција во ЕУ е исклучително важно и за Анкара, и за самата Унија, пред се, од гледна точка на нејзиниот натамошен развој.
Чавушоглу, од своја страна, забележа дека Турција секогаш ги поддржувала перспективите на Хрватска за интеграцијата во
евроатлантскиот простор.
– И благодарам на хрватската страна за укажаната поддршка за евроинтеграциите, рече турскиот министер за надворешни работи.
Стоковната размена меѓу двете земји во првите девет месеци од годината изнесува 400 милиони долари и е за 14 проценти поголема од истиот период лани, забележа Чавушоглу.
Пусиќ и заблагодари на Турција за поддршката што оваа земја им ја сирийските бежанци.