Пусиќ: Две групи се вклучени во киднапирањето на Томислав Салопек во Египет

Од:

Две одделни групи се вклучени во киднапирањето на хрватот Томислав Салопек во Египет, едната го заробила и барала откуп пред да биде предаден на групата „Исламска држава“, која тврди дека го егзекутирала, соопшти денеска хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ на прес-конференција во Риека.

Пусиќ изјави дека киднаперите побарале пари од француската компанија, во која работел Салопек. Потоа контактот со групата прекинал и на 5 август се појави видео во кое Салопек е заложник на египетскиот клон на групата „Исламска држава“.

– Тогаш не беа побарани пари, а ослободувањето на муслимански жени од египетските затвори беше лош знак, бидејќи околу 99 проценти од затвореничките во Египет се муслиманки, а киднаперите не прецизираа за кого точно бараат да биде ослободен, истакна Пусиќ.

Заклучокот беше дека нема конкретни барања и дека станува збор за две различни организации, една која го заробила и друга, која се идентификува како клон на ИД.

Ако егзекутирањето на Салопек биде потврдено, тоа ќе биде прво убиство на странски заложник во Египет, чија влада се бори за создавање имиџ на стабилност и зајакнување на економијата, по неколку години на немири.

Властите се уште не ја потврдуваат смрта на Салопек и продолжуваат со потрагата по заложникот и неговите киднапери.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб