Пукотници врз косовската полиција на границата со Србија

Од:

Косовската полиција е нападната денеска на пладне со огнено оружје, додека пуштала патролен чамец во езерото Газивода (Ујман) на границата со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според полициското соопштение, имало околу десет истрели од огнено оружје, при што нема повредени полицајци или други лица.

– Пукотниците беа една по друга, дојдоа од другата страна на езерото и куршумите паднаа во близина на полицискиот чамец, се вели во соопштението на единицата на Полициската станица за надзор на границата.

Веднаш по инцидентот, на местото на настанот пристигнала Единицата за брза интервенција на граничната полиција, а моментно продолжува надзорот на терернот и истрагата за случајот.

– Косовската полиција останува посветена на пружањето безбедност за граѓаните и на борбата против криминалот, посебно во сузбивањето на нелегалната трговија во таа област, се вели во соопштението.

Нападите врз полицијата во северно Косово, во близина на границата со Србија, зачестија во последните неколку месеци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија